БалканБалкан.Портал

Повеќе од 600 мигранти на меѓуентитетската линија во БиХ

Повеќе од 600 мигранти денеска се наоѓаат на меѓуентитетската линија за демаркација помеѓу Република Српска и Федерацијата на БиХ, односно Унско-санскиот кантон (УСК).

Бања Лука, 28 август 2020 (МИА) – Повеќе од 600 мигранти денеска се наоѓаат на меѓуентитетската линија за демаркација помеѓу Република Српска и Федерацијата на БиХ, односно Унско-санскиот кантон (УСК).

Во текот на денот, кантоналната полиција ги носеше мигрантите од Бихаќ и другите делови на УСК до меѓуентитетската линија, каде што ги остава и ги насочува кон Република Српска.

Од друга страна, полицијата на Република Српска ги следи настаните со цел да го заштити локалното население, објави РТРС.

Локалните медиуми јавија дека немало инциденти, но дека мигрантите реагирале на односот на полицијата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close