СветСвет.Портал

Повеќе од 3.000 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот

Повеќе од 3.000 здравствени работници во Кина се зарзени со коронавирусот, кој се појави во таа земја во декември минатата година, изјави денеска претставникот на кинеската Национална здравствена комисија, Лијанг Ванијан.

Пекинг, 24 февруари 2020 (МИА) – Повеќе од 3.000 здравствени работници во Кина се зарзени со коронавирусот, кој се појави во таа земја во декември минатата година, изјави денеска претставникот на кинеската Национална здравствена комисија, Лијанг Ванијан.

Тој на заедничката прес-конференција со шефот на делегацијата на СЗО во Кина, Брус Ајлворд истакна дека случаите на заразени лица најмногу се регистрирани во провинцијата Хубеи, која е епицентар на епидемијата каде досега починале речиси 2.600 луѓе.

Според него, заболувањата кај медицинскиот персонал веројатно се предизвикани поради недостиг на заштитна опрема, но и исцрпеност. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close