Дописници МКДОпштински вести

Повеќе инфраструктурни зафати во стариот дел на Охрид

Општина Охрид спроведува активности за изградба на потпорен ѕид на улицата „Кузман Капидан“ во населбата Варош во стариот дел на градот.

Охрид, 22 април 2021 (МИА) – Општина Охрид спроведува активности за изградба на потпорен ѕид на улицата „Кузман Капидан“ во населбата Варош во стариот дел на градот.

Армираниот бетонски ѕид долг 18 и висок четири метри решава долгогодишен проблем на жителите од тој дел на градот, се отстранува опасноста од појава на свлечиште опасно по околните станбени објекти.

Најавено е дека во рамки на годинешните активности за партерно уредување, наскоро ќе почне реконструкција на пешачки патеки на повеќе локации во стариот дел на градот. Предвидена е замена на старите бехатон-плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување нова основа и прередување. Исто така, ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата Канео и во близина на хотел „Александрија“.

Минатата година, со средства од општинскиот буџет беше извршена иградба на потпорен ѕид во близина на Спомен-куќата на „Григор Прличев“, беше уреден плоштадот „Табана“ и беа реализирани уште неколку инфраструктурни зафати за подобрување на условите за жителите од стариот дел на градот. аб/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close