Дописници МКДОпштински вести

Повеќејазичен перформанс во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Пехчево

Матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево се вклучи во одбележувањето на 21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По тој повод како што информираше директорката на библиотеката Габриела Костадинова се реализираше повеќејазичен перформанс, на кој со свои творби се претставија ученици од подрачното училиште во село Црник.

Пехчево, 20 февруари 2021 (МИА) – Матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево се вклучи во одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По тој повод како што информираше директорката на библиотеката Габриела Костадинова се реализираше повеќејазичен перформанс, на кој со свои творби се претставија ученици од подрачното училиште во село Црник.

-Библиотеката направи настан од културно значење, со цел овој значаен ден за мајчиниот јазик да го одбележиме со прекрасни цитати од познати наши писатели, свои творби и изведби на учениците од село Црник на повеќе јазици, меѓу кои македонски, ромски и турски јазик. Настанот се реализира во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ и општина Пехчево, кои секогаш даваат целосна подршка и заедно ги наградуваме нашите љубители на пишаниот збор, а воедно и нашите читатели, истакна Костадинова.

Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски кој присуствуваше на настанот, додаде дека на ваков начин, љубителите на пишаниот збор се мотивираат и понатаму да творат на мајчин јазик.

-Јазиците кои се зборуваат во една земја, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина. Од А до Ш на секоја буква мошне едноставно, а силно впечатливо прекрасните изведби на пехчевските основци, Елена, Иван, Елица, Оливера кои се потрудија да не доближат и не потсетат колку е вреден, “богат“ и важен нашиот јазик за нашата нација и постоење, истакна Тренчовски.

Во насока на поттик и силна мотивација за да го негуваат мајчиниот јазик, Тренчовски и Костадинова, на сите учесници им доделија пригодни награди и благодарници. вс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close