0_Македонија.ПорталОпштество

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. 

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи.

Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани во Скопје – 105 лица.

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи. см/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close