Svet.SlajderСветСвет.Портал

Потврден прв случај на новиот коронавирус во Канада

Прв случај на новиот коронавирус е потврден во Канада, соопшти Владата на земјата.

Торонто, 26 јануари 2020 (МИА) – Прв случај на новиот коронавирус е потврден во Канада, соопшти Владата на земјата.

Според владиното соопштение, здравствениот систем во Торонто бил известен за првиот потврден случај на коронавирус кај личност која неодамна се врати од Вухан, градот во Кина од каде почна да се шири заразата.

Во соопштението се додава дека заразеното лице е во болница и неговата состојба е стабилна. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close