0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Потпишани договори за изградба на 11 фотоволтаични електрани на државно земјиште

Договори со девет инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Договори со девет инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата.

-Само една година по донесувањето на новиот Закон за енегетика тука сме за да ги потпишеме договорите за изградба на 11 фотоволтаични електрани со капацитет од 35 мегавати на државно земјиште, а за петок е закажано и потпишување на договор за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште со вкупен капацитет од 27 мегавати, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Инвеститорите, со кои денеска потпишуваме договори за изградба на фотоволтаици, потенцира, на државата и дадоа 2,7 милиони евра.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека реформата во енергетскиот сектор што се спроведе во изминатите две години е една од најзначајните.

-Денеска граѓаните плаќаат најниска цена на електрична енергија што е резултат на направеното во изминатите две години… Една од главните цели на енергетиката е инвеситирање во зелена енергија, посочи Спасовски.

Со денешното потпишувањето на договори со девет компании, како што кажа, ќе се изградат 11 фотонапонски централи на државно земјиште со вкупна инсталирана моќ од 25 мегавти во Свети Николе и 10 мегавати во Македонски Брод. вј/бак/

Back to top button
Close
Close