Општество

Потпишан Меморандум за соработка меѓу УКИМ и АПОД Гевгелија

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) –  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, преку Кариерниот центар Тривити, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Велат дека заедничката заложба  е остварување и јакнење на нераскинлива врска помеѓу стопанството и достигнувањата во високото образование и науката, во насока на општествениот развој и подигнување на степенот на соработка во иднина е причината за потпишување на оваа соработка.

Целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и Кариерниот центар Тривити.

Соработката на Универзитетот и Друштвото за услуги вклучува постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар,   приближување (вмрежување) на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, воведување на кариерен ден, оспособување на студентите за пренесување на стекнато знаење во областа кариерно советување и практиканство и стипендирање на постдипломци на Универзитетот.

Предвидени се и работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации. ки/са/

Back to top button
Close
Close