Општински вестиСкопје

Потпишан колективен договор со членовите на УПОЗ во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација – Аеродром, Славе Еленовски, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација – Аеродром, Славе Еленовски, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Од овој договор, како што велат од Општината, корист ќе имаат вработените во оваа институција, кои се членови на УПОЗ.

-Се залагаме за еднаков и праведен третман на сите работници, како и за подобрување на условите во кои работат тие. Почитувањето на работничките права е императив за сите нас, изјави градоначалникот Марин.

Со колективниот договор, кој е потпишан врз основа на претходно потпишаниот договор меѓу Владата на РСМ и УПОЗ, се регулираат правата и обврските на двете страни, се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, платите, надоместоците на плати и други примања, додаток на плата.

Исто така, овој договор го регулира и правото за службени патувања, регресот за годишен одмор, правата за јубилејни награди, информирањето на вработените, а се пропишани и условите за слободно дејствување и условите за работење на синдикалната организација на општината. сст/дма/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close