Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Потпишан договорот за изградба на гасоводот EastMed

Трилатералната соработка и потпишувањето на договорот не е насочено кон никоја трета земја, напротив отворени сме за соработка и со други држави, порачаа грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кипарскиот претседател, Никос Анастасиадис и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на заедничката прес конференција во конференциската сала „Запио“ во Атина, откако претходно, министрите за енергија на трите земји го потпишаа договорот за изградба на гасоводот EastMed, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 јануари 2020 (МИА) – Трилатералната соработка и потпишувањето на договорот не е насочено кон никоја трета земја, напротив отворени сме за соработка и со други држави, порачаа грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кипарскиот претседател, Никос Анастасиадис и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на заедничката прес конференција во конференциската сала „Запио“ во Атина, откако претходно, министрите за енергија на трите земји го потпишаа договорот за изградба на гасоводот EastMed, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, Анастасиадис и Нетанјаху говореа за историски ден и договор од историско значење.

Грчкиот премиер рече дека EastMed е „гасовод на мир и соработка на народите од регионот“.

-Договорот од Запио за EastMed има економска, развојна, дипломатска, но и геостратешка димензија. Еден од најголемите гасоводи во светот ќе има очигледни позитивни ефекти за земјите кои учествуваа. Но, претставува и придонес за мирот и геополитичката стабилност, бидејќи ја покажува практичната намера на нашите држави да ја гледаат енергијата како алка на соработка меѓу народите, а не како повод за несогласувања и конфронтации, рече премиерот на Грција.

Мицотакис повтори дека гасоводот не е закана за никој и истакна дека трилатералните формации на соработка како што е онаа меѓу Грција, Кипар и Израел, не се насочени кон никој, а „регионалната соработка е секогаш отворена за сите, под основниот услов: почитување на меѓународното право и добрососедските односи“.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис рече дека нивна заедничка убеденост е дека соработките базирани на принципите на меѓународното право, на солидарност, но и на искрен дијалог, „ги отсликуваат предностите што може да се постигнат кога земји со заеднички загрижености, цели и интереси ги обединуваат нивните сили наместо да се самоизолираат“.

-Во исто време, како што имаме во неколку наврати истакнато, соработките што ги имаме развиено, не се насочени, тоа го спомена и премиерот, а сигурен сум дека ќе го повтори и пријателот, премиерот на Израел, не се насочени кон никоја друга трета земја, напротив било која земја што има желба е добредојдена, но секако доколку ги прифаќа основните принципи на меѓународното право со целосно почитување на суверените права и територијалниот интегритет на независните држави, истакна претседателот на Кипар.

Премиерот на Израел Бенјамин Неанјаху рече дека денешниот ден е историски ден и за Израел, бидејќи „ станува многу силна енергетска земја“.

-Ја поздравувам соработката со Кипар и Грција. Тоа е нешто многу важно и уште повеќе придонесува во стабилноста и безбедноста на регионот. И велам дека ние не сме против никој, туку работиме за вредностите на сите, работиме за доброто на нашите народи. Ние бараме и ја повикуваме било која земја што сака, прво Италија, а потоа и Египет да се приклучи, ова ќе создаде уште поголемо зајакнување, уште поголема помош, уште поголем сојуз, порача Нетанјаху. ср/сд/

Back to top button
Close
Close