БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Потпишан договорот со Италија за 95 милиони евра за санирање на последиците од земјотресот во Албанија

Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада со цел да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија  на 26 ноември минатата година.

Тирана,11август 2020 (МИА) – Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада со цел да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија  на 26 ноември минатата година.

Италија ќе и обезбеди на Албанија 95 милиони евра, од кои пет милиони евра грант за реконструкција на јавни згради.

Договорот го потпишаа министерот за обнова, Арбен Ахметај и италијанскиот амбасадор, Фабрицио Буци.

-Кредитот од 90 милиони евра со многу поволни услоиви ќе биде насочен во енергетскиот сектор, за натамошно подобрување преносниот систем, потоа во развојот на поморската економија, за подобрување на пристанишната инфраструктура, во зголемување на капацитетите за справување со природни непогоди, подобрување на флотата и зајакнување на човечките ресурси во цивилната заштита, каде светски познатото искуство на Италија и помошта на италијанските браќа, ќе биде огромна помош за Албанија , рече Ахметај.

Амбасадорот Буци рече дека на донаторската конференција, Италија учествувала со значителна сума од 95 милиони евра ставени на располагање на Албанија.

-Тоа сведочи за посебните односи што постојат меѓу Албанија и Италија, бидејќи тие се две држави, не само пријатели, туку тие се два брата, така да се каже, затоа што во тешки моменти Италија секогаш била со Албанија, како и Албанија која е навистина важен фактор,рече меѓу другото Бучи.

На донаторска конференција што под мотото „Заедно за Албанија“ се одржа во Брисел на 17 февруари,беа собрани над 1,15 милиони евра,дел како грант а дел поволни кредити. вт/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close