Дописници МКДОпштински вести

Потпишан договор за реконструкција на патот Криволак-Пепелиште во должина од шест километри 

Општина Неготино и фирма од Струмица денеска потпишаа договор за комплетна реконструкција на локалниот патен правец од селото Криволак до соседното Пепелиште во должина од шест километри.

Неготино, 23 јануари 2020 (МИА) – Општина Неготино и фирма од Струмица денеска потпишаа договор за комплетна реконструкција на локалниот патен правец од селото Криволак до соседното Пепелиште во должина од шест километри.

Како што денеска соопштија од неготинската локална самоуправа, потпишаниот договор е во вредност од 24.762.300 денари.

– Рокот за изведба на работите на овој патен правец е 150 денови, а во најкраток рок фирмата изведувач ќе биде воведена во работата, информираа од Општината.

Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот кои се движат по локалниот пат Криволак-Пепелиште. свд/цр

Back to top button
Close
Close