0_Македонија.ПорталОпштество

Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува период на претежно облачно и врнежливо време. 

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува период на претежно облачно и врнежливо време.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Максималните температури во понеделник ќе достигнат до 19 степени, а во вторник до 15 степени. Веќе од среда ќе следува драстичен пад на максималните температури кои ќе се спуштат до 9 степени. бак/бк/ 

Back to top button
Close
Close