0_Магазин.ПорталЗанимливости

Потомок на хабсбуршките владетели, заразен со коронавирус

Внукот на некогашните австро-унгарски цареви, откако бил позитивен на тестот, се наоѓа во домашен карантин. Тој, наводно, се заразил на минатонеделниот конгрес во Женева.

Виена, 10 март 2020 (МИА) – Ни „сината крв” не е е доволно силна за заштита од коронавирусот. Имено, и сегашниот поистакнат член на семејството Хабсбург, Карл фон Хабсбург се инфицираше со Ковид-19.

Внукот на некогашните австро-унгарски цареви, откако бил позитивен на тестот, се наоѓа во домашен карантин. Тој, наводно, се заразил на минатонеделниот конгрес во Женева. На тој собир имало доста луѓе од северна Италија, област погоден од коронавирусот.

Како што е соопштено, 59-годишникот има само благи симптоми на грипот, но поради опасноста од ширењ, тој е сам во домашна изолација.

Карл фон Хабсбург е најстариот син на поранешниот пратеник во Европскиот парламент, Ото Хабсбург. си/

Таг
Back to top button
Close
Close