0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоХроникаХроника.Портал

Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома

Сите патници од сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел од патот, а беа згрижени во болницата во Прокупље се во добра здравствена состојба. Тие се пуштени да се вратат дома, со автобус кој за таа намена треба да дојде од земјава, информираат од Амбасадата на РС Македонија во Белград. 

Скопје, 7 декември 2019 (МИА) – Сите патници од сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел од патот, а беа згрижени во болницата во Прокупље се во добра здравствена состојба. Тие се пуштени да се вратат дома, со автобус кој за таа намена треба да дојде од земјава, информираат од Амбасадата на РС Македонија во Белград.
Во болница единствено е задржана пациентката која има потешки повреди на кичмените пршлени и таа е сместена на Неврохирургија во Ургентниот центар во Ниш.
Во сообраќајката беа повредени 26 патници од автобусот. Тој сообраќал кон Копаоник до каде превезувал патници на еднодневна екскурзија.
Претходно МНР информираше дека нема згрижени пациенти ниту во болницата во Блаце и оти сите се пуштени на домашно лекување.
Сѐ уште нема информации за детали за несреќата и за можната причина. об/сст/ 

 

Back to top button
Close
Close