Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Поставени мобилни штандови за новогодишниот базар во Куманово

Почна со работа новогодишниот базар во Куманово. Дваесетте мобилни штандови веќе се поставени на малиот градски плоштад и сите за закупени, информираа денеска одговорните од ЈП „Пазаришта“. Новогодишниот базар, годинава ќе трае до 31 декември.

Куманово, 14 декември 2019 (МИА)Почна со работа новогодишниот базар во Куманово. Дваесетте мобилни штандови веќе се поставени на малиот градски плоштад и сите за закупени, информираа денеска одговорните од ЈП „Пазаришта“. Новогодишниот базар, годинава ќе трае до 31 декември.

– Општина Куманово ни ги дадели на трајно користење 20-те монтажни обjeкти кои што имаат карактер на урбана опрема. „Пазаришта“ подготви елаборат и поднесе барање истите бидат поставени од 1 до 31 декември. Сите се издадени на закупци кои продаваат новогодишни украси, откако се изврши ждрепка за закупците и  за распоредот на штандовите, изјави советникот за правни работи од ЈП „Пазаришта, Душица Сеизовска Јовановиќ.

Дневно закупот изнесува 150 денари, цена која пред повеќе години ја утврди Советот на Општина Куманово.

Новогодишното украсување во Куманово ќе почне идната недела, најави директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“ , Фадиљ Шабани, откако ќе биде склучен договор со избрана компанија. Како и претходните и оваа година се очекува да биде украсено централното градско подрачје, улици и булевари. И годинава за украсувањето ќе бидат одвоени околу 1,5 милиони денари. ам/см/

Back to top button
Close
Close