Дописници МКДОпштински вести

Поставена првата агрометеоролошка станица во општина Македонска Каменица

Во кругот на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј” во село Цера, инсталирана првата агрометеоролошка станица во М.Каменица. Со реализација на активноста, како што информираа од општината, земјоделците од овој регион ќе добиваат навремени податоци за актуелната временска состојба и климатските промени.

Македонска Каменица, 5 септември 2020 (МИА) – Во кругот на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј” во село Цера, инсталирана првата агрометеоролошка станица во М.Каменица. Со реализација на активноста, како што информираа од општината, земјоделците од овој регион ќе добиваат навремени податоци за актуелната временска состојба и климатските промени.

-Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион со кој е предвидено исти станици да бидат поставени во сите 11 општини од регионот, а за што се обезбедени 2,16 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа, информираа од Општината.
Според планираното како што додадоа од Источно-планскиот регион, во понатамошната фаза ќе се изработи веб платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.
-Уредите ќе мерат температура и влажност на воздухот, брзина и правец на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ова значи дека со овие агрометеоролошки земјоделците ќе се стекнат со информации за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и планирање на сите агротехнички мерки што треба да се преземат во одреден период од годината, додадоа од ИПР.
Според планираното до крајот на август во сите општини од источниот регион, ќе биде поставена по една агро-метеоролошка станица. Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни на сите граѓани, а новитет е тоа што ќе се изготвуваат модели на биометеоролошките услови, кои врз основа на измерените параметри ќе даваат прогноза за појава и интензитет на полен, мигрена и ревма. вс/са/

Back to top button
Close
Close