0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиСпортФудбал

Поставена нова ѕвезда на Горан Пандев на струмичкиот плоштад

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која беше искорната и украдена во ноември 2018 година.

Струмица, 18 февруари 2021 (МИА) – На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која беше искорната и украдена во ноември 2018 година.

– Верувам дека овој пат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула на Пандев европски и светски фудбалски шампион со италијанскиот Интер.

Инаку, досега не се откриени сторителите на кражбата на ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица. рт/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close