Дописници МКДОпштински вести

Пoставен монтажен кружен тек на најфреквентната крстосница кон штипската населба Сењак

Поставен е монтажниот кружен тек на новата крстосница кај поранешното Нервно одделение. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи, а потреба од кружен тек се појави по пуштањето на новиот мост на реката Брегалница, кој ги поврзува индустриските зони, со најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки рид, Автокоманда и Света Недела.

Штип, 20 јуни 2020 (МИА) – Поставен е монтажниот кружен тек на новата крстосница кај поранешното Нервно одделение. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи, а потреба од  кружен тек се појави по пуштањето на новиот мост на реката Брегалница, кој ги поврзува индустриските зони, со најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки рид, Автокоманда и Света Недела.

-Ова е прв ваков кружен тек кој го поставуваме, модерно и едноставно решение, кое ќе ги даде своите резултати во делот на безбедноста на граѓаните. Се работи за седма крстосница, која во изминатите две и пол години ги решивме, со зголемување на безбедноста, со поставување на знаци, кружно движење, вели Бочварски.

Забележа дека поставувањето на монтажниот кружен тек и на стоблчињата се евтино решение, но ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи ова е сега една од најфреквентните улици и мост на реката Бреалница, која што директно води кон фабриките во Индустриските зони, но е и излезез и влез кон Скопје, Велес и Кочани. Новиот монтажен кружен тек чини 200.000 денари, а Бочварски најави дека наскоро ќе следи и решавање на безбедноста на крстосницата кај зградата „Топ Инвест“, во населбата Сењак. вдј/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close