Општински вестиСкопје

Поставен камен-темелник на вториот блок од училиштето „Димитар Македонски“

Со поставувањето на камен-темелник на вториот блок се интензивираа градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, соопштија денеска од Општина Аеродром.

Скопје, 4 март 2021 (МИА) – Со поставувањето камен-темелник на вториот блок се интензивираа градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, соопштија денеска од Општина Аеродром.

Според предвидениот рок, се очекува објектот да биде пуштен во употреба оваа година.

Според градоначалникот на Општината, Златко Марин, изградбата на новиот објект е од витално значење за учениците од овој дел на општината. Тој посочи дека населбата Лисиче ќе добие современо основно училиште.

Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени.

Како што соопштија општинските власти, училиштето ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.бт/скс/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close