0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Постапката за избор на кандидати за градоначалници во СДСМ почнува во јуни или јули

Поддршката за втор мандат на неколкумина градоначалници е лична, но СДСМ има тела и јасна процедура за избор на кандидите за градоначалници за Локалните избори, кои треба да се одржат наесен, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање  кои други градоначалници ќе се поддржат или нема да се поддржат. Најави дека доправа како политичка партија ќе прават анкети за потенцијалните кандидати. Постапката очекува да почне во јуни или јули, бидејќи, како што рече, кампањата за Локалните избори е на крајот на септември, а во октомври граѓаните ќе бираат нови градоначалници на општините.

Штип, 21 Февруари 2021 (МИА) – Поддршката за втор мандат на неколкумина градоначалници е лична, но СДСМ има тела и јасна процедура за избор на кандидите за градоначалници за Локалните избори, кои треба да се одржат наесен, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање  кои други градоначалници ќе се поддржат или нема да се поддржат. Најави дека доправа како политичка партија ќе прават анкети за потенцијалните кандидати. Постапката очекува да почне во јуни или јули, бидејќи, како што рече, кампањата за Локалните избори е на крајот на септември, а во октомври граѓаните ќе бираат нови градоначалници на општините.

– Тоа е само мој личен став, каде што посебно се знаат работите за успешноста на градоначалниците, градоначалникот, којшто дефинитивно би бил наш фаворит, ако не прв, веројатно некој од првите наши кандидати, коишто во конечната постапка би бил утврден како кандидат. Можам тоа да го кажам слободно и за градоначалникот на Пробиштип, иако е овде со мене. Заради тоа што се што се случува во делот на инфраструктурниот развој, контактибилноста и работењето со граѓаните, помагањето, но и развојот економски, што му се случува на Пробиштип и на овој источен регион, верувам дека сите даваме сериозен придонесе, вели Заев.

Посочи дека во целата постапка за избор на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, тој е само поединец, кој дал свое мислење, а партијата си има свои процедури, како што се кандидарањето од општинските организации, но и самокандидирање, потоа се прави селекцијата на централно ниво и одлуката се носи на конференција на СДСМ. вдј/лв/

Back to top button
Close
Close