0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Постапка за пет лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Гостиварското јавно обвинителство поведе постапка за пет лица кои го прекршиле полицискиот час

Гостивар, 5 мај 2020 (МИА) – Гостиварското Jавно обвинителство поведе постапка за пет лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возило  се движеле низ градот, се вели во соопштението од ОЈО.

За обвинетите обвинителството побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби. аа/сп/

Back to top button
Close
Close