Дописници МКДОпштински вести

Постаменти без бисти повеќе од три години стојат на Китино кале

Повеќе од три години во Алејата на Народните херои на Китино кале, стојат постаменти без бисти на кои беа, Ибе Паликуќа, Драге Богески, Олга Мицеска и други народни херои и борци од НОВ од овој регион.

Кичево, 22 април 2021 (МИА) – Повеќе од три години во Алејата на Народните херои на Китино кале, стојат постаменти без бисти на кои беа, Ибе Паликуќа, Драге Богески, Олга Мицеска и други народни херои и борци од НОВ од овој регион.

Од Здружението на Сојузот на борците од Кичево истакнуваат, дека дел од бистите се наоѓаат во општината, додека повеќето од нив и тие не знаат каде се наоѓаат и покрај редовните контакти со полициските службеници да дојдат до нивната локација.

Зоран Стефаноски ,секретар на боречката организација од Кичево, вели дека пред три години покренале иницијатива за враќање на бистите на Народните херои на постаментите поставени во Алејата на Народните херои на Китино кале.

– Од она што успеавме да го дознаеме, две бисти се наоѓаат во општината, додека останатите пет и тие не знаат каде се наоѓаат и дали се во истата состојба. И ние како и повеќето почитувачи на периодот од поновата историја на земјава, посакуваме и очекуваме бистите да се вратат на местата каде што беа повеќе од пет децении, затоа што Народните херои од НОВ тоа го заслужуваат, вели Зоран Стефаноски ,секретар на боречката организација од Кичево.

Тој појасни дека не само што ги нема бистите, туку од постаментите се откорнати и бронзените букви со имињата на Народните херои и борци и сега не се знае на кој постамент која биста била поставена.

Поранешниот директор на музејот Душан Ристоски, потсети дека за овие споменици грижа треба да води локалната сампоуправа и дека тие се задолжени за културното наследство во овој регион. за/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close