Наука и технологија

Последната „супермесечина“ годинава од 6 до 8 мај

Последната „супермесечина“ во оваа година ќе биде видлива за луѓето низ целиот свет од зајдисонце и изгрејсонце помеѓу 6 и 8 мај, објави Си-ен-ен.

Атланта, 7 мај 2020 (МИА)Последната „супермесечина“ во оваа година ќе биде видлива за луѓето низ целиот свет од зајдисонце и изгрејсонце помеѓу 6 и 8 мај, објави Си-ен-ен.

„Супермесечината“ на која сега сме сведоци е една од трите „супермесечини“ кои се појавија годинава од март. Најголемата и најсјајната можеше да се види во април, а овој месец, иако е помалку спектакуларна од априлската, сепак, е посветла и поголема од вообичаената полна месечина.

„Супермесечината“ е полна месечина која се наоѓа во најблиската можна точка во однос на планетата Земја, поради што има поголема природна големина и е посјајна при поглед од неа.

Мајската „супермесечина“ се нарекува уште и цветна, бидејќи се јавува за време на цветниот период. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close