0_Магазин.ПорталСцена

„Последната експедиција“ повикува – на „Охридското море“

Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на „Експедицијата“, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година.

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на „Експедицијата“, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година.

– Сингловите „Hey Ho“, „Срце со себе“ и новата верзија на „Шефе“, снимена со пријателите и фановите го отворија патот за „Одиме на Охридско море“. Постојат песни кои се осмислени и треба да се снимат, па реално е да се очекува нов албум на „Ласт експедишн“ (Last Expedition) до крајот на 2020 година. Ова ќе биде првата наша студиска објава по цели 23 години, кога во 1997. беше објавен сега веќе култниот „Box“, вели Енко – прв човек на „Последната експедиција“.

За новата песна е направено и видео со текстот од композицијата.

„Би било добро кога вредноста и важноста на песната, која е веќе хит во домашниот музички етер, би ја препознале и институциите и/ или спонзорите, и овој мејнстрим бисер би ја добил заслужената визуелизација. Дотогаш, уживајте во песната од кое било место на Македонија“, се вели во соопштението на групата.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close