0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Последна шанса за Маурисио Сари?

Претседателот на клубот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи вечерале во друштво на Сари во ресторан во Торино и побарале објаснување за двата порази од Наполи и Верона во последните неколку недели.

Торино, 11 февруари 2020 (МИА) – Раководството на Јувентус разговарало за претставувањето на тимот со тренерот Маурисио Сари.

Претседателот на клубот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи вечерале во друштво на Сари во ресторан во Торино и побарале објаснување за двата порази од Наполи и Верона во последните неколку недели.

И покрај неубедливите изјави на „Старата дама“, раководството на Јуве му изгласале доверба на тренерот во оваа фаза, јави „Тутоспорт“.

Во информациите се наведува дека Ањели побарал да види посилен Јувентус во претстојното полуфинале за Купот на Италија против Милан и во осминафиналето од Лигата на шампионите против Олимпик Лион.

Таг
Back to top button
Close
Close