БизнисДописници МКД

Порталот за електронски услуги може да се користи за пријавување државни мерки-како субвенции за клима инвертери

Граѓаните од општините каде има субвенции за клима инвертери аплицирањето ќе можат да го направат преку националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk и со тоа лесно и во реално време да добијат одговор на нивната апликација. Ова од Тетово го порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објаснувајќи како со дигитализацијата на услугите се олеснува административниот процес. Министерството во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ја одржи втората од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.

Тетово, 27 јануари 2020 (МИА) – Граѓаните од општините каде има субвенции за клима инвертери аплицирањето ќе можат да го направат преку националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk и со тоа лесно и во реално време да добијат одговор на нивната апликација. Ова од Тетово го порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објаснувајќи како со дигитализацијата на услугите се олеснува административниот процес. Министерството во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ја одржи  втората од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.

Целта на трибините е не само граѓаните, туку и институциите да ги запознаеме со сите можности. Ги имаме сите елементи од технички аспект, сите услуги да се нудат на граѓаните. За тоа е потребно да се подигне свеста кај институциите, човечките капацитети. На трибините ги запознаваме институциите за да можеме повеќе да направиме заедно и да нудиме електронски услуги на граѓаните, рече Манчевски.

Засега има 128 електронски услуги на uslugi.gov.mk на три јазици.  Дел од електронското олеснување за граѓаните е Електронскиот регистар на население.

-Покрај порталот за електронски услуги се работи за електорнскиот регистар на население- сосема нов документ менаџмент систем, се работи за електронски систем за управување со управните постапки односно услугите што реално им требаат на граѓаните и се работи за систем за единствена најава со кој граѓаните со единствено корисничко име и лозинка може да се најават и да добијат која било од институциите. Интегрален дел од порталот е каталог на услуги каде ги излиставме сите услуги на централната и локлнат власт кои постојат. Тие се на едноставен начин напишани на порталот и граѓаните не мора да лутаат од инстуција до институција. Затоа соработката е со локални власти, заеднилчки сме во проектот, рече Манчевски.

За дигитализацијата на трибината освен министерот, зборуваа  градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии како претставник од академската заедница и  Бобан Милосавлески од бизнис заедницата.ас/скс/

Back to top button
Close
Close