0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Порше во 2023 година ќе се врати на трките за издржливост и 24 часа Ле Ман

Порше најави враќање на трките за издржливост и идно учество на „24 часа Ле Ман“. Порше има намера повторно да влезе во „WEC“ и „IMSA“ шампионатите, почнувајќи од 2023 година.

Штутгарт, 16 декември 2020 (МИА) – Порше најави враќање на трките за издржливост и идно учество на „24 часа Ле Ман“. Порше има намера повторно да влезе во „WEC“ и „IMSA“ шампионатите, почнувајќи од 2023 година.

Претходно, бордот на директори на компанијата веќе го одобри развојот на прототип за изведба во хибридната категорија „LMDh“ базиран на „LMP2“.

Од Порше потврдија дека првата трка по целосно враќање треба да биде 24 часа Дејтон во јануари 2023 година.

Порше ќе стане четвртиот фабрички тим што треба да започне на „24 часа Ле Ман“ во 2023 година – порано беше најавено развој на прототип за класата „LMDh“ во Ауди, а Тојота и Пежо ќе се натпреваруваат во новата класа суперавтомобили. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close