БалканБалкан.Портал

Поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” осудено од шест до осум години затвор

Поранешното финансиско раковоствто на „Хипо Алпе Адрија Груп” е прогласено за виновно за делото перење на пари и злоупотреба на службената положба и Сенатот на Љубљанскиот суд им одреди од шест до осум години затвор

Љубљана, 6 јануари 2020 (МИА) – Поранешното финансиско раковоствто на „Хипо Алпе Адрија Груп” е прогласено за виновно за делото перење на пари и злоупотреба на службената положба и Сенатот на Љубљанскиот суд им одреди од шест до осум години затвор, јави диписникот на МИА од Љубљана.

Дополнително судот им наложи на осудените Антон Роми, Божидар Шпан, Андреј Поточник и Андреј Облак, поради своите дела да платат и казни од 35.000 евра. Осудените лица кои не присуствуваа на изрекувањето на пресудата, ќе мораат на државата да и ги вратат милионите нелегално стекнати евра.

Поранешниот извршен директор на банката Роми, е осуден на шест години затвор и казна од 35.000 евра.

Судскиот процес против поранешното раководство на “Хипо Алпе Адрија Груп” започна во ноември 2015 година, кога тогашната директорка Хилда Товшак, ја призна вината за помагање и поттикнување на перење пари, при што доби условна затворка казна од една ипол година. ав/

Back to top button
Close
Close