Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Поранешниот шеф на ОВК отпатува за Хаг на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства

Поранешниот генерален командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Азем Сиља отпатува претпладнево за Хаг на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 8 март 2020 (МИА) – Поранешниот генерален командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Азем Сиља отпатува претпладнево за Хаг на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Суља е повикан од меѓународниот трибунал во својство на осомничен за воени злосторства во текот и непосредно по војната од 1998-99 година.

Неговото заминување, преку објава на Фејсбук, го потврди советникот на претседатеот Хашим Тачи, Исмаил Сиља.

– Сé на овој свет има две страни на медалот. Животот на наставникот, професорот, порнешниот политички затвореник, борецот за слобода Азем Сиља, од било која страна има само една вистина – животната посветеност на слободата и независноста на Косово. Секогаш со чист образ. Секаде. Ќе се вратиш со чист образ и по ова патување во Хаг, напиша Исмаил Сиља.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, е формиран од Собранието на Косово во август 2015 година, под притисок на меѓународната заедница, а го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна на 14 јануари минатата година, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено околу 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Меѓу оние кои се досега интервјуирани во Хаг се и поранешниот премиер Рамуш Харадинај, поранешните парламентарни спикери Јакуп Красниќи и Кадри Весели и повеќе пратеници и носители на јавни функции.

Порталот „Газета експрес“ наведе дека, од членовите на Генералштабот на некогашната ОВК, покана да се јават пред трибуналот досега не добиле само претседателот на државата Хашим Тачи и досегашниот пратеник Џавит Халити.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close