Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Поранешниот претседател на Киргистан, Атамбаев, осуден на 11 години затвор

Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев е осуден на 11 години и два месеци затвор за неговата улога во ослободувањето на еден мафијашки шеф од затвор.

Бишкек, 23 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев е осуден на 11 години и два месеци затвор за неговата улога во ослободувањето на еден мафијашки шеф од затвор.

Судот во Бишкек, исто така, донесе одлука имотот на Атамбаев да биде запленет, а неговите титули да бидат отповикани. Атамбаев (63) не присуствуваше на денешното рочиште поради болест.

Судот пресуди дека Атамбаев имал улога во ослободувањето на чеченскиот криминалец, Азиз Батукаев, од затвор во Киргистан.

Истрагата утврди дека лекарското уверување дека затвореникот е во термална фаза на болеста, врз основа на кое бил ослободен, било лажно.

Поранешниот лидер на Киргистан прво беше обвинет за корупција.

Атамбаев ги отфрли сите обвиненија како „апсурдни“ и оцени дека е жртва на конфликт со неговиот наследник и ривал, сегашниот претседател Соронбај Женбеков.

Околу 2.000 полицајци учествуваа во апсењето на Атамбаев во 2019 година. За време на акцијата, еден специјален офицер е убиен, а околу стотина луѓе се ранети. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close