0_Спорт.ПорталФудбал

Поранешниот претседател на Барселона стравува дека Меси ќе го напушти клубот

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот. Неговиот договор истекува следното лето.

Барселона, 16 јули 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот. Неговиот договор истекува следното лето.

– Сакам тој да остане во 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб.

Тој е загрижен дека управувањето на Јосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close