Svet.SlajderСветСвет.Портал

Поранешниот премиер на Алжир избран за претседател на земјата

Поранешниот премиер на Алжир Абделмаџид Тебуне е избран за претседател на земјата, откако ги доби гласовите од над половина гласачи.

Алжир, 13 декември 2019 (МИА) – Поранешниот премиер на Алжир Абделмаџид Тебуне е избран за претседател на земјата, откако ги доби гласовите од над половина гласачи.

Властите соопштија дека девет милиони Алжирци, од вкупно 24,5 милиони со право на глас, излегле на избирачките места.

Но протестите продолжуваат, со оглед на тоа дека демонстрантите сметаат дека станува збор за измама со цел одржување на старата владејачка елита и бараат нови политички лидери.

На изборите учествуваа Ажедин Миуби (60), преодниот секретар на поранешната владејачка партија Демократски народен собири поранешен министер за култура Абделкадер Бангрина (57), поранешниот министер и лидер на партијата Конструктивно движење Абделмаџид Тебунe (73), поранешниот премиер и лидер на партијата Чувари на слободата Али Бенфлис (75) и поранешниот генерален секретар на Фронт за иднината Абделазиз Белаид (56). ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close