0_Спорт.ПорталФудбал

Поранешниот агент на Левандовски на суд бара околу девет милиони евра

Поранешниот агент на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, Цезари Кухарски го тужеше играчот, пишува „Шпигел“.

Минхен, 18 септември 2020 (МИА) – Поранешниот агент на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, Цезари Кухарски го тужеше играчот, пишува „Шпигел“.

Кухарски има сериозни обвиненија против поранешниот клиент, особено тврди дека Левандовски – како и неговата сопруга Ана – незаконски подигнал неколку милиони евра од заедничката компанија за маркетинг „РЛ Менаџмент“.

Кухарски бара отштета од околу 39 милиони полски злоти (околу 9 милиони евра). Левандовски изјави дека тужбата сè уште не стигнала до него. Тој ги негира обвинувањата на екс агентот.

Полскиот фудбалер ја нарекува тужбата неоснована и го обвинува Кухарски за уцена. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close