0_Web_Избор на уредникотПолитикаХроника

Поранешни пратеници сведочеа за настаните на 27 април

Собраниската седница на 27 април 2017 по барање на СДСМ, била закажена да продолжи на следниот ден 28 април. Ова денеска на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, го изјави сведокот Стојан Миланов, заменик претседавач на седницата, кој истакна дека тоа барање било прифатено од претседавачот Трајко Велјановски, сега обвинет како еден од организаторите на насилните настани во законодавниот дом. 

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Собраниската седница на 27 април 2017 по барање на СДСМ, била закажена да продолжи на следниот ден 28 април. Ова денеска на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, го изјави сведокот Стојан Миланов, заменик претседавач на седницата, кој истакна дека тоа барање било прифатено од претседавачот Трајко Велјановски, сега обвинет како еден од организаторите на насилните настани во законодавниот дом.

– Одговорно тврдам дека не сум имал никаква информација за тоа што се случи на 27 април. Исто така немаше никаква организација од Кратово, од страна на Социјалистичка партија на Македонија, за 27 април, рече сведокот Миланов, кој е актуелен пратеник во Собранието. Во своето искуство како пратеник тој додаде дека не се сеќава некогаш да се прекине расправа за одредена точка во Собранието, и да се продолжи со друга точка на дневен ред.

Сличен исказ пред судот даде и сведокот, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, кој истакна дека само еднаш присуствувал на протестите организирани од „За Заедничка Македонија”.

– Тие протести во тој период ги поддржував. Индивидуално еднаш присуствував. Со лицата Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, не сум имал никаков контакт. За ,,Тиранска платформа” се дискутираше меѓу пратениците и во медиумите, изјави сведокот Змејковски.

На денешното рочиште беше предвидено како сведок да се појави и актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, но заради неговите дневни обврски и претходните сведоци во случајот за „организаторите на 27 април”, тој ќе сведочи на некое од наредните рочишта. Спикерот Џафери како сведок во овој предмет е предложен од страна на одбраната на обвинетиот Трајко Велјановски.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.оџ/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close