0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Поранешен играч на Челси: На Силва ќе му треба маска за кислород кога ќе излезе на терен

Тој верува дека има многу малку играчи во средниот ред кои сакаат и знаат да играат во одбрана.

Лондон, 6 септември 2020 (МИА) – Поранешниот играч на Челси, Крег Барли е на мислење дека менаџерот на „сините“ ќе има потешкотии да најде баланс во средниот ред на тимот.

Тој верува дека има многу малку играчи во средниот ред кои сакаат и знаат да играат во одбрана.

– На Тијаго Силва ќе му треба маска за кислород, бидејќи само Н`голо Канте има какви било дефанзивни квалитети во нив (во средниот ред). Лампард тешко ќе најде баланс. Мејсон Маунт, кој навистина успеа во својата прва сезона, е офанзивен играч. Каи Хаверц игра во Леверкузен како напаѓач поголемиот дел од сезоната, а потоа го додавате триото во напад (Вернер, Зиеш и Пулишиќ) и излегува „сè зависи од тебе, Н`голо“. Никој друг нема да брани“, коментира Барли, кој е коментатор на „ЕСПН“.

Таг
Back to top button
Close
Close