Svet.SlajderСветСвет.Портал

Поранешен јапонски министер и неговата сопруга обвинети за купување гласови

Поранешниот јапонски министер за правда Кацујуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Анри денеска се обвинети за купување гласови на минатогодишните избори, откако двајцата беа уапсени минатиот месец, соопшти судот во Токио

Токио, 8 јули 2020 (МИА) – Поранешниот јапонски министер за правда Кацујуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Анри денеска се обвинети за купување гласови на минатогодишните избори, откако двајцата беа уапсени минатиот месец, соопшти судот во Токио.

Кацујуки (57) и Анри (46) се уапсени во јуни под сомнение дека платиле милиони јени на поличари и приврзаници во префектурата Хирошима, за да обезбедат гласови на изборите за Горниот дом на Парламентот во јули минатата година.

Во соопштениерто од судот се наведува дека тие уплатиле 1,7 милиони јени (15.800 долари) на сметките на пет лица, а Кацујуки платил 27,31 милиони јени (255.000 долари) на 103 лица, за Анри да биде избрана во Горниот дом на јапонскиот Парламент.

Кацујуки Каваи призна дека уплатувал пари, но негираше дека имал намера да купува гласови, додека Анри изјави дека не се сеќава дека била вклучена во нелегални активности.

Ако брачната двојка биде прогласена за виновна, тогаш ќе биде поништена победата на Анри Каваи во дистриктот Хирошима. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close