Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Поради случајот Навални, Франција го одложи француско-рускиот министерски состанок

Официјален Париз објави дека го одложува состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Франција и Русија закажан за 14 септември во Париз, поради напнатоста поврзана со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописникот на МИА.

Париз, 8 септември 2020 (МИА) – Официјален Париз објави дека го одложува состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Франција и Русија закажан за 14 септември во Париз, поради напнатоста поврзана со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописникот на МИА.

-Со оглед на сегашните околности и по размената со руските власти, беше одлучено да се одложи состанокот на Француско-рускиот совет за соработка во врска со безбедносните прашања за подоцнежен датум, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Ањес фон дер Мил.

Претходниот состанок „2 + 2“ (надворешни работи и одбрана) меѓу Жан-Ив Ле Дријан, Флоранс Парли, Сергеј Лавров и Сергеј Чојгу во септември 2019 година во Москва го започна „стратешкиот дијалог“ побаран од францускиот претседател Емануел Макрон. Шефот на француската држава, оценувајќи дека Русија гледа премногу кон Кина, тогаш вложи напори за ова приближување со цел да се обиде да внесе клима на попуштање во Европа и да го реши украинскиот конфликт, со во позадината новата студена војна со Москва.

Наведениот дијалог, според признание на францускиот министер за вооружените сили, Флоранс Парли, засега не дава „опипливи резултати“. Предвидената посета на претседателот Макрон на Москва во следните недели може да биде доведена во прашање и поради случајот Навални.

-Сè е можно, забележува француски дипломатски извор за париските медиуми. тг/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close