0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Поради скандалот со Ферари, Ред Бул го бара второто место за сезоната 2019

Меѓународниот штаб објави дека е постигнат доверлив договор со „Скудерија“ за сомнителни прекршувања во правилата во однос на моторот по летната пауза.

Милтон кинс, 5 март 2020 (МИА) – Ред Бул го бара второто место на ранг-листата на тимовите во Формула 1 и поголема финансиска награда, соодветно, а причината е природно скандалот со Ферари и ФИА.

Меѓународниот штаб објави дека е постигнат доверлив договор со „Скудерија“ за сомнителни прекршувања во правилата во однос на моторот по летната пауза.

Тоа што не е јасно дали моторот бил всушност легален или не, сепак, ги поттикна другите екипи да се заканат со суд и со барање за целосно откривање на случајот. Со евентуална казна за Ферари, Ред Бул треба да биде втор и да добие 24 милиони долари повеќе од наградниот фонд.

– Однесувањето на ФИА е скандалозно! Треба да заведеме дело затоа што не добивме од 24 милиони американски долари, што би ги добиле доколку би завршиле на второто место во рангот и Ферари ја добие правилната казна. Неверојатно е како е напишан овој договор. Иницијативата за сè беше Мерцедес и ние му се придруживме, но во иднина ќе размислуваме на свои начини во потрагата по нашите права, рече советникот на „биковите“, Хелмут Марко.

Досега ФИА и Ферари немаат коментар на темата на 10 дена пред почетокот на новата сезона.

Таг
Back to top button
Close
Close