0_Спорт.ПорталФудбал

Поради расистички извици кон Балотели натпреварот Бреша – Лацио извесно време беше прекинат

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели се пожали на расистички навреди упатени кон него од трибините за време на денешниот натпревар со Лацио од италијанскиот фудбалски шампионат.

Бреша, 5 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели се пожали на расистички навреди упатени кон него од трибините за време на денешниот натпревар со Лацио од италијанскиот фудбалски шампионат.

Натпреварот беше прекинат извесно време по голот на Балотели во 18-та минута, бидејќи напаѓачот се обрати до главниот судија на средбата Џанлука Манганиело. Тој се пожали дека навивачите на Лацио го навредувале на расна основа. Кога навивачите се смирија, натпреварот беше продолжен.

Средбата заврши со победа на Лацио 2:1.

За потсетување, Балотели беше жртва на расистички крици во ноември минатата година за време на натпреварот со Верона, поради што сакаше да го напушти теренот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close