БалканБалкан.Портал

Поради птичји грип во Бугарија ќе бидат усмртени 5.380 патки

Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени.

Софија, 17 февруари 2020 (МИА) – Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени.

Тоа е прв случај на птичји грип во Бугарија во последните десет месеци.

Околу фармата е создадено заштитено подрачје од три километри, каде е забрането движењето на домашни, диви и други птици, како и продажба на јајца и пердуви. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close