0_Спорт.ПорталФудбал

Поради повреда на коленото во прашање доведен трансферот на Сане во Баерн

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Лерој Сане се соочува со повеќемесечна пауза од фудбалските терени. Тој има повреда на коленото и најверојатно ќе мора да оди на операција на лигаментот.

Манчестер, 8 август 2019 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Лерој Сане се соочува со повеќемесечна пауза од фудбалските терени. Тој има повреда на коленото и најверојатно ќе мора да оди на операција на лигаментот.

Ваквиот развој на настаните за Сане во неизвесност го доведува трансферот во Баерн Минехн.

Претходно беше објавено дека фудбалерот е близу да се пресели во германскиот клуб кој беше подготвен да плати 110 милиони евра.

Сане се повреди во мечот за англискиот Супер куп против Ливерпул.

23-годишниот Лерој Сане минатата сезона одигра 47 натпревари за Сити, постигна 16 голови и оствари 14 асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close