БалканБалкан.Портал

Поради поплавите прогласена вонредна состојба во седум општини во Србија

Во седум општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд, изјави претсавникот на српското Министерство за внатешни работи, Горан Николиќ

Белград, 23 јуни 2020 (МИА) – Во седум општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд, изјави претсавникот на српското Министерство за внатешни работи, Горан Николиќ.

Поради надојдените води посебно е критична состојбата во западниот дел на Србија.

– Во моментот најкритично е во општините Љубовија и Гуча, бидејќи таму врне од утрово. Добро е што почна да се намалува нивото на надојдената вода каде што беше критично во текот на ноќта – Лозница, Крупањ, Осечин, таму се подобрува ситуацијата, посочи Николиќ.

Во неколку населени места надојдената вода поплави десетици објекти, еден мост е урнат, а 48 луѓе се евакуирани. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close