0_Web_АктуелноДописници МКДОпштествоОпштински вести

Поради одрон блокирана една лента кај село Драмче на патот Делчево – Македонска Каменица

Една коловозна лента е блокирана од одрон на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани во близина на село Драмче.

Делчево, 8 март 2020 ( МИА) –  Една коловозна лента е блокирана од одрон на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани во близина на село Драмче.

– Бидејки одронот се наоѓа пред кривина кај селската продавница при доаѓање од Делчево кон Македонска Каменица, поради мракот карпата не се забележува и постои опасност за возилата и возачите. Ние ја користевме другата лента но треба да се внимава бидејки од спротивната страна доаѓаат возила, велат возачи.
Тие алармираат дека ваквата слика се повторува и на останатиот потег на неколку делници од патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево.
Од „Македонија пат“, претходно потврдија дека се запознаени со состојбата на терен и во рамки на можностите се интервенира на критичните места.
Поради дождот сообраќајот на патниот правец Делчево – Макеоднска Каменица – Кочани во текот на целиот ден се одвива по влажни коловози. вс/лв/

Back to top button
Close
Close