Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Поради обилните дождови Романија под ризик од поплави

Романскиот Национален институт за хидрологија и управување со водите денеска објави црвен аларм од поплави во поединечни делови од земјата

Букурешт, 22 јуни 2020 (МИА) – Романскиот Национален институт за хидрологија и управување со водите денеска објави црвен аларм од поплави во поединечни делови од земјата.

– Во изминатите 24 часа романските пожарникари поради обилниот дожд испумпале вода од 53 куќи и околу 200 дворови ширум земјата, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни ситуации.

Од надојдената вода најпогодени се романските окрузи Бихор, Неамт, сучево и Васлуј.

Таг
Back to top button
Close
Close