0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderSvet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници СветЕкономија

Поради можно присуство на штетни материи, ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија

Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради можно присуство на недозволени материи.

Љубљана, 13 март 2020 (МИА) – Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради можно присуство на недозволени материи.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.

За сега не се соопштува за какви штетни материи се работи, но на известувањето пишува дека ајварот е произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија.

Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија. ав/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close