0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Поради магла намалена видливоста на патот Тетово – Попова Шапка

Поради појава на магла намалена е видливоста на патниот правец Тетово - Попова Шапка од 20 до 30 метри, соопшти Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Поради појава на магла намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри, соопшти Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. лв/вј/

Back to top button
Close
Close