Дописници МКДОпштински вести

Поради Ковид-19 крводарителска акција со посебни мерки за безбедност утре во Делчево

Во Делчево утре ќе се спроведе крводарителска акција. Акцијата, како што соопшти Билјана Георгиевска, претседателка на општинскиот Црвен крст, ќе се спроведе согласно посебни мерки за безбедност поради коронавирусот.

Делчево, 1 април 2020 (МИА) – Во Делчево утре ќе се спроведе крводарителска акција. Акцијата, како што соопшти Билјана Георгиевска, претседателка на општинскиот Црвен крст, ќе се спроведе согласно посебни мерки за безбедност поради коронавирусот.

– Општинската организација на Црвен крст Делчево, утре 2 април 2020 година организира редовна крводарителска акција во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево со почеток од 09:30 до 13:30 часот. Крводарителската акција ќе се спроведе со посебни мерки на безбедност и заштитени од ширење на вируст Ковид-19. Секоја капка значи, вашата крв може живот да спаси. Бидете хумани и дарувајте крв, соопшти Георгиевска.

Од почетокот на 2020 година досега, како што додаваат од општинскиот Црвен крст во Делчево, хуманите граѓани подариле 200 крвни единици.

– Акциите се спроведуваат најчесто со граѓанството додека во една од акциите учествуваа и вработените од делчевската полиција и Регионалниот центар за гранични работи – Исток, додадоа од Црвен крст.

Во наредниот период крводарителски акции со посебни мерки за безбедност поради КОВИД-19 ќе бидат спроведени и во општините Пехчево и Берово. вс/аа/

Back to top button
Close
Close