Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Поради коронавирусот околу 6000 луѓе заробени на крузер

Околу 6.000 луѓе се заробени на италијански крузер додека се спроведуваат тестови на двајца патници од Кина, за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус, изјави денеска портпаролот на компанијата Коста Кросиер.

Рим, 30 јануари 2020 (МИА) – Околу 6.000 луѓе се заробени на италијански крузер додека се спроведуваат тестови на двајца патници од Кина, за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус, изјави денеска портпаролот на компанијата Коста Кросиер.

Двојката пристигна во Италија на 25 јануари и истиот ден се качиле на бродот Коста Смералда во пристаништето Савона. Потоа, имале зголемена телесна температура, но и потешкотии при дишењето.

Крузерот го заобиколи францускиот град Марсеј и шпанските пристаништа Барселона и Палма де Мајорка пред да се приближи до градот Чивитавекија, северно од Рим.

Според портпаролот на компанијата, никој не смее да го напушти бродот сè додека не се утврди дали кинескиот пар е заразен со смртоносен вирус.

Многу земји денеска почнаа да спроведуваат изолација на илјадници луѓе евакуирани од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата, со цел да се спречи ширењето на вирусот. ссм/

Back to top button
Close
Close