Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Поради коронавирусот одложени едукативните патувања во Италија за грчките ученици и студент

Со одлука на министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, се одложуваат сите планирани едукативни патувања во Италија за учениците и студентите, поради коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 24 февруари 2020 (МИА) – Со одлука на министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, се одложуваат сите планирани едукативни патувања во Италија за учениците и студентите, поради коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

-По потврдените случаи на коронавирусот во делови од соседната земја и соодветната препорака од Националната организација за јавно здравје, дејствуваме превентивно, ги заштитуваме нашите ученици, студенти и професори од заразниот вирус. Приоритет секогаш е заштитата на граѓаните и јавното здравје на земјата, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Доцна синоќа, според грчките медиуми, во Министерството за здравство на Грција се одржал вонреден состанок поради последните случувања во Италија и потврдените три смртни случаи.

Било одлучено да не се преземат дополнителни мерки, но и дека не е потребно учениците кои сега се во Италија, по враќањето да бидат ставени во карантин или пак да бидат под надзор. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close